Неверојатно видео од Словенија: Погледнете како мал автомобил исфрли цела цистерна од автопат

Точка

14/11/2019

23:11

22.494

Големина на фонт

а а а

53-годишниот унгарски возач на камионот-цистерна загина во средата во Словенија откако автомобил Опел Корса со кој управувал 41-годишен Словенец при претекнување удри во камионот и буквално го исфрли од автопатот.

Камионот после судирот со малата Корса ја проби заштитната ограда и од висина од 20 метри падна на патот под надвозникот. Несреќата се случила на љубљанската обиколница, пренесува словенски Klip.si.

41-годишниот Словенец удрил во камионот поради неприлагодена брзина, а во сообраќајната несреќа помина без повреди.

Судирот и падот на камионот исто така предизвика и материјална штета, а во несреќата било оштетено уште едно возило и патната инфраструктура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг