Циципас: Јас да бидам прв? Аха, мислите во групата

Макфакс

14/11/2019

09:41

570

Големина на фонт

а а а

Младиот Грк Стефанос Циципас истакнал дека ќе го даде најдоброто од себе во дуелот со првиот светски рекет Рафаел Надал иако веќе има обезбедено пласман во полу-финалето на Завршниот мастерс.

Циципас во второто коло убедливо го порази Александар Зверев (6:3, 6:2). Гркот претходно славеше над Медведев.

„Последниот меч го играм против Рафа, свесен сум колку ќе биде тешко. За него мечот е важен за да се пласира во полу-финалето. Голем предизвик ме чека. Можам многу да научам во мечевите против Рафа, Новак, Роџер…Знаете сите сме ги гледале на телевизија, секогаш сакавме да бидеме дел од тоа. Тоа е она што ни дава дополнителен мотив.“, рекол Циципас.

„Запрашан дали знае што му е потребно да биде прв во групата, Циципас во чудо одговорил: „Јас да бидам прв?“.

Откако новинарот му рекол дека го прашува за првото место во групата, Циципас одговорил.

„За момент помислив дека постои шанса да бидам прв во светот. Тоа не би било лошо. Се понадевав, морам да бидам искрен. Ако одиграм добро, ако забележам добар резултат, верува дека заслужувам како прв да влезам во полу-финалето“, заклучил младиот грчки тенисер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг