Снимките од воздух најдобро го покажуваат потопот во Венеција: 70% од градот е под вода

Точка

14/11/2019

09:32

5.089

Големина на фонт

а а а

Венеција и натаму е под вода откако рекордни количини на врнежи од дожд го погодија градот на северот на Италија.

Околу 70% од градот е поплавен, а нивото на водата на одредени места достигна до 187 сантиметри, нешто што се нема случено од 1966-та година. Снимките од воздух најдобро го покажуваат размерот на поплавите.

Каналите по кои италијанскиот град е најпрепознатлив се претворени во реки, а водата продрела во многу објекти. Сепак, и покрај тоа, голем број на туристи и натаму го посетуваат градот и плоштадот Свети Марко кој заедно со историската базилика беше исто така под вода.

„Штетата од поплавите кои ја погодија Венеција најверојатно ќе достигнат неколку стотина милиони евра“, изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Обилни дождови во изминатие неколку дена погодија поголем дел од Италија и донесоа бројни поплави, а Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата. Поплавите одзедоа и еден живот. 70-годише маж починал од струен удар кој настанал откако се обидел да ја вклучи пумпата за да ја извади водата од својот поплавен дом.



Спонзорирани линкови

Маркетинг