Вие користите Фејсбук, а вашиот iPhone снима!: Нов удар врз приватноста на корисниците

Супермен

13/11/2019

20:47

3.477

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за Фејсбук речиси и да нема ден, а да не се открие некој нов проблем со приватноста. Овојпат на ред дојдоа корисниците на апликациите за iOS оперативниот систем.

Веќе неколку денови корисниците на iPhone пријавуваат нови проблеми со Фејсбук апликацијата која ја вклучува камерата на телефонот без нивно одобрување.

Оваа тема станала вирална на социјалните мрежи откако корисникот Џошуа Медокс објавил постоење на баг на Твитер и го документирал во видео снимка.

Багот ја активира камерата кога корисникот од Фејсбук апликацијата отвора фотографии или видео преку целиот екран.

По затворањето на видеото или фотографијата, Фејсбук интерфејс исчезнува од екранот додека пак на него останува приказот од камерата.

Грешката се појавила во последната верзија на Фејсбук апликацијата (246), инсталирана на последната верзија на iOS (13.2.2) на iPhone 6S. Истиот баг подоцна бил забележан на повеќе верзии на iPhone.

Очигледно дека багот не се појавува кај постарите верзии односно на 12-та верзија на оперативниот систем. Сајтот “TheNexWeb“ наведува дека грешката не се појавува ниту кај iOS 13.1.

На корисниците им останува прашањето: “Дали багот ја актвира камерата веднаш по отворањето на апликацијата Фејсбук, па таа е вклучена цело време додека ја користите апликацијата или пак камерата се вклучува кога “преминувате“ помеѓу два различни прикази на екранот?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk