Таа имала 19, а тој 60 години кога се запознале! Денес се во брак, а него сите го осудуваат!

Точка

13/11/2019

19:04

3.080

Големина на фонт

а а а

Лизи Риквуд има 22, а нејзиниот сопруг Лесли 63 години. Многумина ја осудуваат нивната врска и него го нарекуваат педофил.

Сепак, тие се сакаат без оглед на сè и сакаат да му покажат на целиот свет дека во љубовта сè е дозволено.

Живеат во Англија, а заедно се веќе три години. Иако се во брак од 2017-та година, соседите на куќата на Лизи напишале “педофил“.


„Кога луѓето на улица мојот сопруг го нарекуваат педофил, не ми е сеедно. Не разбирам како странци можат да кажат толку грозни работи. Возрасна сум и сама си ги носам одлуките, не ми се јасни некои коментари на луѓето. Никогаш не ми пречеле неговите години, бидејќи Лесли е прекрасен сопруг. Не може да бирате во кого ќе се заљубите“, рекла Лизи.

Тие двајца се запознале во 2016-та година преку пријател на Лесли, а веќе после првата вечера почувствувале поврзаност.


Двајцата се лица со инвалидитет и не можат да работат, но се надеваат дека нивната приказна нема да влијае на другите кои треба да почнат да ги прифаќаат паровите со голема разлика во годините.

„Му признав дека имам 19 години и тоа не му пречеше. Ми се допаѓаше тоа што беше многу незрел“, открила Лизи. Рекла дека на почетокот ѝ било непријатно да му каже на семејството за годините на нејзиниот партнер, а кога им признала, биле во шок.

На почетокот на врската наишле на многу непријатни искуства, но подоцна одлучиле да живеат по свое.


„Луѓето на улица почнаа да нѝ кажуваат разни лоши работи. Некој рече дека тоа што го правиме е одвратно. Беше ужасно. Секаде луѓето нè напаѓаа. Неколку денови подоцна некој на ѕидовите и прозорците напиша 'валкан педофил'“.

Велат дека и понатаму постојано ги чувствуваат погледите од другите луѓе, но веќе не се грижат за тоа.

„Сакам да бидам во врска со постар маж бидејќи има поголемо искуство, љубов и пољубезен е. Сами сме против светот“, рекла Лизи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг