“Почувствував нешто мокро и се исплашив“: Актерите открија како ги снимиле секс сцените во филмовите

Точка

13/11/2019

17:41

23.283

Големина на фонт

а а а

Сцените во кои актерите имаат сексуален однос често изгледаат многу реалистично, но на актерите некогаш не им е пријатно да ги снимаат. Популарните актери открија што се случувало позади некои од секс сцените во филмовите.

1. Кијану Ривс со сопругата на режисерот

“Тие сцени секогаш се чудни. Но, Ели Рот (режисер) успеа да направи пријатна атмосфера на снимањето. Но, на крајот секако дека мора да се соблечеш и да глумиш, а јас не сакав да бидам оној фраер кој ќе коментира колку неговата сопруга е згодна. Тој беше многу опуштен околу сето тоа и сите се забавувавме“.


2. Марго Роби и сцената со парите

“Имав многу исекотини на грбот поради парите. Не беше многу гламурозно како што изгледаше. Доколку некогаш добиете идеја да имате секс врз многу пари - немојте. Можеби вистинските пари се малку помеки, но кога станав и кога се свртев со грбот кон екипата сите беа згрозени“ - изјавила актерката.

3. Дејв Франко и акни на задникот

“Без многу нервозен поради таа сцена. Колешката ја запознав еден ден претходно, таа беше преубава и многу мила, но сеедно, беше непријатно. Тоа утро се пробудив со големи акни на задникот. Морав да ја прашам шминкерката дали ќе може некако сето тоа да се сокрие“.


4. Обри Плаза и голата фотографија

“Никогаш пред снимањето на “Валканиот дедо“ не сум го запознала Роберт Де Ниро и ми беше страв па одлучив да направам нешто лудо. Направив провокативна фотографија од себе, ја ставив во книга и му ја оставив под врата. Ништо не се случи една недела и веќе бев исплашена дека ќе добијам отказ кога тој опуштено ми пријде и ми рече: “Ја добив твојата книга. Не прочитав повеќе од четири страници (каде што ја ставив фотографијата), но многу е убава““.

5. Кејт Винслет и топка за скокање

„Сфатив дека Кејт е премногу напната за да сними сцена со секс со Џејмс Гандолфини па го отстранив, а неа ѝ дадов топка за скокање. Ги снимивме одвоено“ - раскажал режисерот Џон Туртуро.


6. Ема Стоун и мокриот сунѓер

“Глумевме дека Ема Стоун ме задоволува со рака. Беше загрижена затоа што сето тоа се одвиваше под ќебе. Од шминкерката добив голем мокар сунѓер кој го ставив меѓу нозете. Кога почнавме да снимаме, почувствував нешто мокро, а Ема се испаши. Ѝ кажав да не се плаши затоа што тоа е само обичен сунѓер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг