Hyundai го претстави новиот Plug-In концепт: Дали вака ќе изгледа новиот Tucson?

Точка

13/11/2019

16:41

1.942

Големина на фонт

а а а

Според аналитичарите, овој дизајн би можел да биде еден ран вовед во новата генерација на моделот Tucson.

Со оглед на тоа што наскоро започнува Саемот на автомобили во Лос Анџелес, бројни компании започнаа да објавуваат тизери од своите најнови производи кои ќе блеснат во Калифорнија.

Се планираат повеќе од 65 премиери, а најмалку една ќе има и Hyundai. Станува збор за SUV модел кој јужнокорејската компанија го опишува како револуционерен.


Од Hyundai засега не откриваат премногу детали, но од приложените рендери може да се види дека јужнокорејците завршиле одлична работа и навистина се подготвуваат за нешто големо.


Hyundai исто така објави и краток видео клип од новиот концепт. Со оглед на приклучокот за полнење, јасно е дека станува збор за Plug-In хибрид, иако техничките спецификации и натаму остануваат непознати.


Јужнокорејската компанија засега нема најави за нов модел, па голема е веројатноста дизајнот на новиот Tucson да се движи токму во овој правец кој изгледа навистина прекрасно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг