Симпатичното кученце со опаш на главата ги воодушевило спасувачите на животни во САД

Точка

13/11/2019

16:14

1.613

Големина на фонт

а а а

“Се чини дека погрешно го склопиле кучето, секогаш читајте ги упатствата!”, се пошегувал еден од членовите на тимот за спасување на животни кој го пронашол необичното кученце кое се мрзнело на улица во Мисури.

Тие ја објавиле целата приказна на Фејсбук, каде активно собираат пари за лекување на повредите кои животното ги има на ногата. 


“Се прашувате дали опашот е функционален и дали може да мавта со него? Е па, не, опашот не е поврзан со ништо и нема никаква корист освен што го прави најпосебното милениче на светот”, напишале неговите пронаоѓачи во групата “Mac The Pitbull”.


Ветеринарите кои го прегледале малото кученце велат дека моментално не постои вистинска причина за отстранување на опашот бидејќи тој не создава никакви компликации, а кученцето секако не престанува да се движи и да се однесува како и секое друго разиграно кученце.


“Сè уште не е спремно за вдомување, ќе го задржиме додека не порасне и додека не се увериме дека опашот не создава никаков проблем. Тој е еден од најдобрите примери за начинот на кој им помагаме на животните и многу сме благодарни што имаме прилика да бидеме дел од неговото патување”, заклучил тимот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг