Холи Персик од САД била шокирана откако во автомобилот почувствувала смрдеа па решила да ја отвори хаубата.
Таа знаела дека нешто не е во ред кога се паркирала пред библиотеката и почувствувала смрдеа од пилевина во воздухот. Чула и необични звуци додека го возела автомобилот.
Кога ја отворила хаубата не ни помислила дека таму ќе најде над 200 ореви и мноштво трева.
Семејство верверички, одлучило таму да ги складира своите залихи подготвувајќи се за зимата.
„Мојата сопруга ми се јави од библиотеката и ми кажа дека нејзиниот автомобил смрди на пилевина и дека има чудни звуци. Ѝ реков да ја подигне хаубата, а ова е фотографијата која ми ја испрати. Оревите биле насекаде, а оние кои биле во близина на моторот поцрнеле, речиси биле испечени“ - објаснил Холин, сопругот на Крис.
Veverice im unele 200 oraha pod haubu 😆 pic.twitter.com/YQ2WjFK20g
— FikoR (@FikoR87) November 3, 2019
На брачниот пар им било потребно речиси еден час за да ги отстрани оревите од автомобилот.
Фактот дека Холи последен пат погледнала под хаубата пред еден месец говори дека верверичките “работеле“ многу брзо.
За среќа автомобилот не бил воопшто оштетен.