“Фотографирај ја гола 100 пати и ќе ти дадам 1.000 евра“ - морничави детали од разговорот на педофилот и мајката на која ѝ барал голи фотографии од ќерка ѝ

Точка

13/11/2019

16:00

4.333

Големина на фонт

а а а

““Фотографирај ја девојката 100 пати и ќе ти испратам 1.000 евра“ - тоа ми го кажа мажот кој ми се јави по телефон, претходно нудејќи ми детска облека и помош“.

Ова е приказната на самохраната мајка од Белград чие барање на педофилот кој се претставувал како “Драгана“, барајќи од мајката да ја фотографира гола својата петгодишна ќерка се проширила по социјалните мрежи и по медиумите и ги згрозила многумина.


Предаторот од интернет кој се криел позади корисничкото име “докторка“, на оваа мајка ѝ се јавил по пат на Фејсбук откако истата во некоја отворена група на Фејсбук барала помош во вид на гардероба. По воведната порака, предаторот веднаш “удрил“ по проблемите на оваа мајка, ветил дека на нејзиното дете ќе му поклони многу гардероба, како што навел “здолништа кои се многу убави и кратки до гаќите“.

Кога мајката му кажала дека петгодишната ќерка имала тумор на клучната коска, предаторот ѝ напишал дека “ќе ѝ даде некои совети за да ја подобри циркулацијата на детето затоа што тој лечи тумори“, а потоа барал голи фотографии од девојчето ветувајќи финансиска помош. Потоа ѝ побарал телефонски број велејќи ѝ дека ќе ја побара “нејзиниот брат Никола“ во чиј стан има многу облека.


Мајката вели дека живее сама со своите три деца и дека не работи затоа што мора да биде дома поради петгодишната ќерка која боледува од тумор. Облека веќе барала во група на Фејсбук и луѓето ѝ испраќале па затоа не се посомневала во понудената помош од “Драгана“.

„Ништо не се посомневав кога ми пристигна првата порака дека таа личност сака да поклони облека за моето дете. Пораката дека има “здолништа кратки до гаќите“ ја сфатив дека тоа се здолништа со зашиен шорц на нив“ - вели мајката додавајќи дека набрзо следел разговор со споменатиот маж со што станало јасно за што се работи.


„Ме праша дали Драгана ми објаснила што треба да правам со детето“.

„Ми кажа дека “сестра му Драгана“ му кажала дека сум самохрана мајка и дека слушнал дека мојата ќерка има тумор и тешко зборува. Тогаш ме праша “Драгана ти објасни што треба да правам со детето за да престане тоа?“, што не го разбрав и му одговорив дека таа бараше да го фотографирам детето. Претпоставував дека сакаа да видат што има на клучната коска. Почнав да се сомневам кога ме праша дали мојот деветгодишен син се капе сам или пак јас го капам, почнувајќи да објаснува како се прави тоа, спомнувајќи го половиот орган на детето, на што му одговорив дека тој е голем и дека тоа може да го прави сам. На тоа ми одговори: “Па што, како тоа возрасните жени им го прават на мажите“, на што му кажав дека тоа што го зборува е ужасно. Потоа ми бараше фотографии од ќерка ми во различни пози, и додека седи и додека лежи. Ми кажа доколку му испратам 100 нејзини фотографии дека ќе ми помогне финансиски и ќе ми испрати 1.000 евра“ - вели мајката.


Мајката вели дека сфатила дека позади тој профил на Фејсбук стои машка личност затоа што штом го прекинала разговорот со него, се јавила “Драгана“ и прашала дали се слушнала со Никола и дали тој има убав глас.

„Утрото ми стигна порака дека “Никола ја подготвувал облеката“ и да се јавам на телефон. Тој, како и првиот пат, ми се јави од скриен број и тоа неколку пати, а јас не се јавував. Потоа ги испратив сите меѓусебни пораки на Фејсбук групата и напишав дека позади тој Фејсбук профил стои маж“ - додава мајката и вели дека утредента случајот го пријавила во полиција.

Во меѓувреме, лажниот профил од педофилот е деактивиран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг