Триаголникот Мауро - Ванда - Макси штотуку станал четириаголник: “Лопез е жив срам и како татко и како сопруг“

Кармин

13/11/2019

14:30

5.755

Големина на фонт

а а а

Очигледно дека нема крај на љубовниот триаголник Мауро Икарди - Ванда Нера (Икарди) - Макси Лопез, а сега овој триаголник стана четириаголник благодарение на Каролина Пампити Ардохан, аргентинската манекенка и ТВ водителка, иначе пријателка на Ванда која во својата татковина е мега ѕвезда.

Макси Лопез неодамна јавно му се заблагодарил на Икарди на тоа што му ја “грабнал“ Ванда, а тоа силно ја допрело Пампита, но и гласините дека Макси не плаќа алиментација.

„Јас не би можела да живеам од срам дека во банка имам пари, а да не ги давам за своите деца. Тие не знаат дека тоа е така. Децата не ги читаат трачевите и не гледаат трач емисии на телевизија, тие само го сакаат својот татко. Тие се негови деца, на светот дојдоа како плод на љубовта... Па, како може да им го скратите тоа што им припаѓа?“ - се прашува Пампита.

Каролина (41) има тројца синови, а првото дете, ќерката Бланка починала во 2012-та година кога имала само шест години.

„А коментарот “му благодарам на Икарди што ја зема Ванда“... Ужас. Тоа е жената која ја сакаше, со која беше во брак и со која има деца. Ги заборава сите години во кои таа го сакаше, внимаваше на него додека тој беше на подготовки, натпревари и тренинзи. Заборава како секој пат кога ќе си појдел дома го чекало топло јадење. Заборава и кој ги родил неговите деца. Не го разбирам тоа. Не можам да сфатам дека некој едноставно сето тоа го брише од своето сеќавање. Не смее така да зборува за мајката на неговите деца“ - му порачала Пампита на поранешниот сопруг на нејзината пријателка.

View this post on Instagram

Vestido AMANDA ? by @shibinda

A post shared by Pampita (@pampitaoficial) on

Макси и Ванда имаат тројца синови, Валентин, Константин и Бенедикт, а Ванда со Икарди има две ќерки, Франческа и Изабела. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk