"Пријатели" повторно заедно во HBO специјал

Точка

13/11/2019

14:02

2.168

Големина на фонт

а а а

Ѕвездите и креаторите на серијата на "Пријатели" моментално водат преговори со HBO за снимање на повратнички специјал, пишува "Hollywood" репортер.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет ЛеБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер би требало пред камерите повторно да ја глумат популарната њујоршка шесторка, доколку преговорите за снимањето на специјалот со стримиг сервисот HBO Max вродат со плод, пишува "Hollywood Reporter" повикувајќи се на упатени извори. 

Сценариото за повратничкиот специјал уште не е напишано, а во преговорите наводно се вклучени и креаторите на серијата "Пријатели", Дејвид Крејн и Марта Кауфман.

Извори на "Hollywood Reporter" нагласуваат дека договорот е далеку од постигнат, и дека допрва треба да се направат договори со актерите и креаторите на серијата.

Кога и ако дојде до договор, предизвик останува ускладување на распоредите на сите актери, истакнуваат извори на "Hollywood Reporter".

Шпекулациите за новото собирање на "Пријатели" се поттикнати по повеќето заеднички фотографии на актерите од серијата кои се појавиле на социјалните мрежи во последно време, како и со трансферот на серијата од Netflix на новиот стримиг сервис HBO Max, кој би требало да почне со работа во мај следната година.

Компанијата "Warner" наводно платила 425 милиони долари за да го врати правото на петгодишно емитување на "Пријатели" на сопствената платформа HBO Max, пишува "Hollywood Reporter".




Спонзорирани линкови

Маркетинг