Излегоа детали од инцидентот меѓу Стерлинг и Гомез: Се фрли на него, а храната леташе на сите страни…

Дерби

13/11/2019

12:35

1.552

Големина на фонт

а а а

Рахим Стерлинг заработи суспензија и нема да игра на квалификацискиот натпревар против Црна Гора поради инцидентот кој го предизвикал со неговиот соиграч од репрезентацијата, Џо Гомез.

Сега протекоа нови детали од инцидентот кој не бил ни малку наивен и по кој малку фалело некој да заврши со посериозни повреди.

„Атлетик“ од извори блиски до репрезентативниот камп на Англија пренесува детали од пресметката меѓу играчите на Манчестер Сити и Ливерпул.

– Според зборовите на сведокот, кавгата траела околу 15 секунди, но цело тоа време било толку жестоко што сигурно ќе остави последици на репрезентацијата, селекторот и ФА. Се случила во понеделникот околу 12:30 часот, за време на ручекот во тренинг кампот на репрезентацијата. Гомез, кој дошол на собирот меѓу првите, се поздравувал со секој играч поединечно, а кога дошол до Стерлинг, фудбалерот на Сити ја одбил подадената рака. Серлинг станал и се нафрлил на Гомез по што започнала жестока пресметка. Храната летала насекаде, Стерлинг навистина се однесувал како дете, -пишува „Атлетик“.

Рахим Стерлинг подоцна се извини за немилиот настан и потврди дека со Џо Гомез сега се е во најдобар ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг