Најчести оперативни зафати во пластичната и рекоструктивна хирургија

Точка

13/11/2019

12:03

4.087

Големина на фонт

а а а

Пластичната и реконструктивна хирургија се занимава со реставрирање на изгледот и функцијата после претрпена траума, одредено заболување или корекција на вродени деформитети, со примена на техниките на пластичната хирургија, објаснува прим. д-р Добрила Андоновска по пластична реконструктивна и естетска хирургија во болницата One hospital.

Техниките на естетската хирургија се фокусирани на естетскиот изглед, симетријата и пропорциите на делови на телото. Посебни две области во пластичната и реконструктивна хирургија заземаат третманот на изгореници и смрзнатини, како и хирургијата на шака.  


Што опфаќа пластичната и реконструктивна хирургија поконкретно? 

▪ Окулопластична хирургија /птоза на очен капак, ентропион, ектропион, тумори на очни капаци

▪ Вродени деформитети на лице, глава и врат

▪ Лицева пареза

▪ Вродени деформитети на шака, горни и долни екстремитети

▪ Хирургија на шака и стапало

▪ Хирургија на тетиви /шака, стапало и Ахилова тетива

▪ Хирургија на лузни, контрактури и тетоважи

▪ Третман на хронични рани

▪ Третман на декубитуси

▪ Третман на дијабетично стапало

▪ Третман на изгореници и смрзнатини

▪ Мекоткивни инфекции

▪ Цисти и синуси

▪ Бенигни и малигни кожни тумори

▪ Бенигни и малигни мекоткивни тумори

▪ Бенигни и малигни тумори на дојка

▪ Бенигни и малигни тумори на ушна школка

▪ Бенигни и малигни тумори на нос

▪ Бенигни и малигни тумори на усни

▪ Тумори на паротидни жлезди

▪ Дипитренова контрактура

▪ Тунел карпал синдром

▪ Пилонидални цисти и синуси

▪ Хирургија на надворешни полови органи

Естетска хирургија:

▪ Аурикулопластика

▪ Блефаропластика

▪ Фејслифтинг

▪ Риноплестика

▪ Аугментација на гради

▪ Редукција на гради

▪ Гинекомастија

▪ Абдоминопластика

▪ Липосукција

▪ Трансплантација на коса

▪ ПРП

▪ Ботокс

▪ Филери


Во што се состои подготвителната фаза за интервенција?

- Подготвителната фаза за сите хируршки интервенции од областа на Пластична реконструктивна и естетска хирургија се состои од преглед и анамнеза. Од особено значење е анамнезата од која се добиваат податоци за самото заболување или се добиваат податоци за естетскиот недостаток кој треба да се корегира и да се постигне, за пациентот, задоволителен естетски резултат. Со анамнезата исто така се добиваат податоци за евентуални коморбидитети или животни навики кои се понатаму битни за самиот тек на хируршката интервенција и успехот од операцијата.

Подготвителната фаза подразбира и запознавање на пациентот со текот на оперативниот зафат, со презентација на хируршките техники кои ќе се применат, со постоперативниот тек и евентуалните рани или касни компликации, како и должината на евентуалната спреченост за работа. На пациентот му се презентираат фотографии од претходно оперирани пациенти и постоперативни резултати. Се фотографира регијата или промената која е причина за оперативен третман, со предходна добиена согласност од пациентот дека фотографиите понатаму можат да се користат за стручни презентации или во маркетиншки цели.

Во предоперативниот период се вршат сите потребни дијагностички процедури, како лабораторија, дермоскопија, биопсија, ехотомографија, мамографија, РТГ, МРИ или КТ. Понатаму следи ЕКГ, РТГ на бели дробови кај пушачи и над 40 годишна возраст. Интернистички преглед кај постоење на придружни заболувања или педијатриски преглед кај деца. Анестезиолошки преглед кога се утврдува и типот на анестезијата кој ќе биде применет, зависно од оперативната интервенција, возраста на пациентот или постоење на одредени ризици од анестезиолошки аспект. Се дава совет за пациентот за дневниот режим на исхрана во предоперативниот период. При постоење на податок за предходни алергиски реакции се препорачува пациентот да направи предоперативни тестови за постоење на евентуална алергија на општи или локални анестетици.


Пациентот се хоспитализира еден ден или на денот на планираната хируршка интервенција. Се добива писмена согласност од страна на пациентот за хируршкиот зафат или од страна на родител или страрател.

Пациентот предоперативно прима премедикација и се внесува во операционата сала.

Сите предоперативни постапки и сите постапки во операционата сала се согласно процедурите и протоколите кои се применуваат во One Hospital.

Како се изведува хируршкиот зафат?

- Во изведувањето на сите хируршки интервенции од областа на Пластична реконструктивна и естетска хирургија учествуваат високостручни тимови на хирурзи – оператори, анестезиолози, асистенти, искусни сестри – инструментарки и сестри – анестетичарки. Се применуваат најсовремени инструменти, шевен материјал и медицинска апаратура, со што се минимизира настанувањето на компликации од хируршки и анестезиолошки аспект.

Постоперативната грижа, постоперативната нега, редовните контролни прегледи и придржување на пациентот на сите совети дадени од страна на хирургот се круцијални за добри постоперативни резултати.

Кои се најчесто изведувани операции?

- Најчесто изведувана операција од областа на естетската хирургија е аурикулопластиката или операцијата на испакнати ушни школки /аурикуларна проминенција/.

Аурикуларната проминенција е вроден деформитет кој се јавува кај 5% популацијата, може да биде двострана и еднострана и е подеднакво застапена кај машкиот и женскиот пол.

При аурикуларна проминенција /клемпави уши/ постои деформитет во обликот на некои анатомски структури на ушната школка, најчесто непостоење односно недоволно развиен антихеликс, деформитет на конхата, зголемен аурикулоцефаличен агол над 40◦.


Во однос на аурикулопластиката постои подеднаква заинтересираност за оперативен зафат кај двата пола. Често постои преуранета желба кај родителите да нивното дете биде оперирано на многу рана возраст. Но, треба да се потенцира дека најрана возраст за аурикулопластика е петгодишната возраст, од причина што ушната школка се уште ги нема постигнато своите дефинитивни димензии.

Кои техники се применуваат при оперативниот зафат?

- Во One Hospital ја применуваме оперативната техника на Pitanguy, техника која минимално ја оштетува рскавицата на ушната школка, а нејзината примена гарантира одлични постоперативни резултати.

Оперативниот зафат може да се изведе во локална анестезија, локална потенцирана анестезија и општа ендотрахеална анестезија, зависно на возраста на пациентот.

Каква е негата постоперативно?

- Постоперативно, во тек на 7 дена не се менува преврската која е поставена веднаш после оперативниот зафат. Потребно e пациентот да носи стегач со соодветен еластицитет и цврстина, во период на две недели 24 часа. Во тек на третата и четвртата постоперативна недела да носи стегач само во периодот на ноќен одмор. Сите пациенти се задоволни од постигнатите резултати од аурикулопластиката.

А еве и неколку фотографии од светски јавни личности, како изгледаат пред и после оперативно.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг