Пожарникари со големо срце: Спасиле куќа во Нов Јужен Велс, па на сопственикот му оставиле интересна порака

Точка

13/11/2019

11:32

1.446

Големина на фонт

а а а

Австралиецот Пол Секфи на социјалните мрежи споделил порака од пожарникарите кои го спасиле неговиот дом од пожар и потоа се извиниле што пиеле млеко од неговиот фрижидер.

Секфи се вратил во својот дом во Нов Јужен Велс и пронашол порака од локалните пожарникари: "Мило ми е што успеавме да ја спасиме вашата куќа. П.С. Ви должиме млеко", стои во пораката. 

Австралија веќе со денови се бори со пожарите во кои загинале три лица, а 150 куќи биле запалени. Во Нов Јужен Велс горат повеќе од 60 пожари, јавува BBC.

Секфи пораката ја пронашол во кујна. На пораката пишувало дека пожарникарите не успеале да го спасат складишниот простор во близина на куќата, но Австралиецот рекол дека не примил подобра порака "од утрото по неговата венчавка".

Стотина луѓе ја споделиле фотографијата од пораката и дошла до пожарникарот кој ја напишал. "Мило ми е што пораката дојде до вас", напишал Кејл Харди-Портер на Фејсбук.

"Отидовме во вашиот дом и таму видовме фрижидер", додал тој, извинувајќи се за ужасниот ракопис, објаснувајќи дека било доцна и дека ништо не се гледало.

"Мило ми е што успеавме да направиме нешто позитивно во толку ужасни услови", напишал Харди-Портер.

Иако куќата на Секфи била спасена, тие повеќе не можат да живеат таму. "Нема струја, ни вода. Куќата е валкана и веројатно ќе биде полна со чад уште една недела", напишал тој.

Шест милиони луѓе живеат во Нов Јужен Велс. Властите предупредуваат дека околностите би можеле да бидат уште полоши, бидејќи температурите во некои делови достигнуваат и преку 37 степени Целзиусови. Пожарот затворил повеќе од 600 училишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг