Чешка ги зајакнува воените сили: Наскоро ќе купи 12 воени хеликоптери

Точка

12/11/2019

21:54

1.418

Големина на фонт

а а а

Чешкиот министер за одбрана, Љубомир Метнар, изјави дека Владата има намера до крајот на годината да потпише договор со американската администрација за купување 12 воени хеликоптери.

„Договорот е вреден 631 милиони американски долари“, нагласи Метнар, дополнувајќи дека тој опфаќа опрема, муниција, резервни делови, како и обука.


Хеликоптерите треба да бидат доставени на Чешка во 2023 година, по што ќе бидат заменети застарените „ми-24“, од советско производство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг