Техеран ги затвори сите основни училишта поради загадениот воздух

Макфакс

12/11/2019

19:28

1.262

Големина на фонт

а а а

Поради високото ниво на загадување на воздухот во Техеран, иранската Влада донесе одлука да ги затвори сите основни училишта во престолнината, каде живеат 10 милиони луѓе.

Техеран е обвиен во облак од густ смог, како резултат на фреквентниот сообраќај и загадувањето од фабриките. Целата состојба е влошена затоа што веќе неколку дена нема ниту ветер, ниту дожд, пренесува агенцијата АП. 

Техеран е еден од најзагадените градови во светот во поглед на воздухот. 

Здравствените експерти предупредуваат дека многу Иранци имаат сериозни здравствени проблеми поради загадувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг