Таа опсесивно ги “брка“ познатите момци: Еден поради неа уапсиле, а нејзината реакција во моментот на апсењето згрозила многумина

Точка

12/11/2019

19:22

3.741

Големина на фонт

а а а

Приказната за неа е чист скандал. Шантел Џефриз синоќа била на премиерата на филмот “Чарливите ангели“ и на многумина ги потсетила на нејзините љубовни скандали.

Актерка, ди џеј и модел - била облечена во металик фустан и за некое чудо “покриена“. Атрактивната бринета која ја споредуваат со Ким Кардашијан (велат дури и дека ја имитира), најчесто на црвениот тепих се појавувала разголена.


На премиерата била сама. Скандалите и партнерите ги чува “позади сцената“, а велат дека кога станува збор за љубовта таа има едно правило: се забавува исклучително со познати момци затоа што статусот на момчето ѝ е најважен.

Таа била во врска со Џастин Бибер кој сега е оженет со Хејли Болдвин. Таа романса била бурна, крунисана со апсење.


Пејачот во 2014-та година бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба во Лос Анџелес, а покрај него во жолтото Ламборџини седела Шантел. Кога полицијата го носела Бибер, таа се смеела. Таа реакција многумина ги разбеснела.


На листата на нејзините познати момчиња бил и Џастин Комбс со кој била во врска една година.

Со Лил Твист била во текот на 2012-та година, а потоа со Десин Џексон со кој прекинала во 2013-та година.

Со поранешното момче на Кајли Џенер, Тревис Скот се забавувала во текот на 2015-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг