23-годишната девојка им одржала лекција на сите: Зендаја повторно се појавила во одлично издание

Точка

12/11/2019

17:48

3.054

Големина на фонт

а а а

23-годишната актерка и пејачка Зендаја Колман е, без сомнеж, најдобро облечената дама на доделувањето на “People’s Choice Awards”.

Младата ѕвезда носела фантастичен фустан со многу оригинален дизајн, а истиот го искомбинирала со салонки кои биле апсолутно беспрекорни. 


Подигнатата коса дополнително ја истакнала облеката, а бојата на карминот бил многу шик! Токму ваквиот кармин, модните експерти го прогласија за едно од најдобрите решенија за есенската шминка.


Зендаја воодушевила со стилот, но некои зборуваат и дека таа е прилично слаба. Сепак, оние кои ја знаат доволно долго, сигурно знаат и дека Зендаја отсекогаш имала ваква линија.


Таа сè почесто изненадува со одличните модни изданија и често е прогласувана за најдобро облечена на било кој и настан да се појави.


Освен Зендаја, на црвениот тепих имало уште неколку добри модни погодоци.

Актерката Дарси Карден се издвоила со одличниот фустан, поточно со беспрекорниот стајлинг.


Одличен металик фустан носела и познатата ТВ ѕвезда Кејтлин Бристоу. Во добро издание се појавил и нејзиниот партнер Џејсон Тартик.


Аријана Мадикс прикажала модерно модно решение на кое нема што да се замери, а во интересен стил се појавил и актерот Том Сандовал.


Водителот Џими Фалон се потрудил да биде забележан, а во тоа помогнал и одличниот стајлинг.


Актерот Кеј Џеј Апа докажал зошто мажите треба да носат одела кои се поинакви од вообичаените. Кројот бил одличен, боите биле добро вклопени, а чевлите се вистински избор за оваа комбинација.


13-годишниот Џејкоб Трембли не само што се потрудил околу оделото туку носел и цвет од мак – симбол на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.


Блескала и 16-годишната актерка Сторми Рид, иако многумина се согласиле дека длабокото деколте било потполно несоодветно.


Младите ѕвезди ги поддржала и една голема ѕвезда – Роберт Дауни Џуниор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг