Лавров открил шокантни детали за Сирија! Војната можеше да биде завршена пред 6 години: Русија и САД започнале преговори, а потоа Американците почнале да кочат околу една работа

Точка

12/11/2019

21:56

5.326

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров открил дека Русија и Америка уште во 2013-та година биле блиску до договор по прашањето за Сирија, но тоа пропаднало бидејќи Вашингтон не сакал да ги разграничи терористите од Ал Нусра од опозицијата во Сирија.

"Би сакал да ве потсетам дека пред создавањето на "астанскиот формат" кон крајот на 2015-та година, не постоеше дијалог меѓу владата и реалната опозиција на Сирија. Единствената опозиција, која во тоа време ја подготви Западот, ја сочинуваа имигранти кои живееја во Истанбул, Ријад, Европа и САД", рекол Лавров на вториот Париски форум за мир. 

Тој исто така потсетил дека Русија пред тоа, во 2013-та година, била многу блиску до договор со САД по прашањето за решавање на сириската криза.

"Договорот кој го подготвивме со поранешниот државен секретар на САД, Џон Кери, кој го усвои сириската влада, се однесуваше на тоа владината авијација воопшто да не изведува летови, како и дека сите операции на Американското воено воздухопловство и Воздушно-космичките сили на Русија мора да бидат договорени со нив. Со други зборови, Русија и САД имаа вето на меѓусебните акции во Сирија. Единствениот услов за стапување на тој договор на сила беше САД да ја одвојат опозицијата од терористите на Ал Нусра. Тоа никогаш не го направија", додал Лавров.

Вооружениот судир во Сирија почна во 2011-та година, а Русија, Иран и Турција активно се вклучија во решавање на кризата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг