Исламскиот џихад остана без еден од лидерите, а сега најавува крвопролевање: Се подготвуваме за војна со Израел, ќе одговориме силно

Точка

12/11/2019

18:16

1.669

Големина на фонт

а а а

Палестинската група Исламски џихад (PIJ) денес соопштила дека се подготвува за војна со Израел, откако израелските сили извеле атентат во зората на еден од високите лидери на таа терористичка група во северниот дел на појасот Газа.

"Овие терористички злосторства се агресија и објава на војна на палестинскиот народ, а непријателот мора да сноси одговорност за нив", наведува PIJ во соопштението по убиството на Баха Абу ал-Ата, пренесува Times of Israel. 

"Бригадата Ал-Кудс и храбриот отпор, кој најави мобилизација на своите борци и почна да возвраќа против оваа агресија и тероризмот, ќе продолжи силно и храбро да го брани достоинството на палестинскиот народ", наведено е во соопштението.

Според наводите на Бригадата Ал-Кудс, Абу ал-Ата бил еден од најистакнатите членови на воениот совет и командант на северниот дел на Појасот Газа.

"Ние одиме во војна. Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Абу ал-Ата. Ќе одговориме силно", изјавил генералниот секретар на PIJ Зијад ал-Никхала за сајтот Дар ал-Хајат на арапски јазик.

И Хамас, кој управува со Појасот Газа, соопштил дека убиството на ал-Ата нема да мине без казна.

"Нашиот палестински народ денес се прости од командантот и борецот кој го следеше патот на маченичките лидери. Ние во Хамас потврдуваме дека ционистичкиот непријател ќе сноси одговорност за сите последици и последиците од оваа ескалација", навел Хамас во соопштението.

Зборувајќи на погребот на Абу ал-Ата, претставникот на Хамас, Исмаил Радван, во џамијата Омари рекол дека крилото на Хамас на бригадата стои рамо до рамо со Исламски џихад.

Тој додал: "Твојата крв е наша крв. Твојата крв е наша крв. О команданте, твојата крв е наша крв".

На Западниот брег, службеникот на Палестинската управа (PA) Саеб Ерекат рекол дека израелската влада сноси целосна одговорност за последиците од тоа злосторство, било наведено во соопштението кое го пренело сајтот на PA, Vafa.

Стотина Палестинци во појасот Газа дошле утрово на погребот на Абу ал-Ата.

Неговото тело е донесено од болницата Шифа во Газа во семејната куќа во Шеџаја и потоа во џамијата Омари, известил "Palestine Today".

PIJ, исто така, соопштил дека во Дамаск израелската војска го гаѓала домот на членот на политбирото на организацијата Акрама ал-Аџурија и дека бил убиен еден од неговите синови.

Израелските одбранбени сили наредиле затворање на училиштата на југот и во централен Израел, вклучувајќи го и централното подрачје на Тел Авив, бидејќи терористичките групи во појасот Газа лансирале десетина ракети по градовите во знак на одмазда за атентат.

Повеќе од 50 ракети и минофрлачки гранати биле лансирани од појасот Газа во централниот и јужниот дел на Израел до 9:10 часот наутро, соопштиле израелските одбранбени сили.

Војниците кои управуваат со системот за противракетна одбрана Ајрон Дом урнале 20 проектили, соопштила израелската војска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг