Патец на средина или на страна?

Fashionel.mk

12/11/2019

16:28

3.430

Големина на фонт

а а а

Патецот како тренд никогаш нема да престане да биде актуелен. И годинава е популарен и тоа посебно оној на средина.

Сепак, колку и да изгледа едноставно, тој не им прилега на сите. 

Во продолжение ви откриваме на кого подобро изгледа рамен патец, а на кого патец на средина: 

Патец на средина 

Изгледа кул и на права коса и на онаа со кадрици. Последните неколку сезони се носи залижана коса токму со патец на средина - елегантна е и минималистичка, па многу од жените ја прифатија. Можеби на прв поглед не изгледа така, но патецот на средина може да ви ги нагласи јаболчниците, да му даде на лицето симетрија. Сара Џесика Паркер, Џенифер Анистон, Хајди Клум се дел од оние ѕвезди што никогаш не се откажуваат од овој тренд. Добра опција е и кога имате во план да правите хипи фризура или кога имате долга коса. Ако имате кратка, тогаш бидете внимателни, бидејќи патецот на средина може и да не биде добар избор. 

За оние што имаат овално, аголно или лице во облик на срце, патецот на средина е совршен избор. Совет за оние што имаат изразено аглесто лице, подобро ќе изгледате ако патецот на средина го носите со брановидна фризура.  

Патец на страна 

Патецот на страна, посебно ако е ниско позициониран подмладува. Асиметричноста пак, може да придонесе за дополнителен волумен и може да се стилизира на различни начини. Доколку имате тенка коса, посебно ќе ви одговара оваа опција, бидејќи ќе ѝ дадете на косата волумен. Добра опција е исто така, кога сакате да го сокриете белиот корен и немате време за бојадисување на косата. Патецот на страна одлично им прилега на оние што имаат округло лице. Исто така, ако имате долгнавесто лице, патецот на средина дополнително ќе ве издолжи и затоа не е добар избор.  

Занимливост: Левата страна на главата е поврзана со рационалност, а десната со емоционалноста, па ако го носите патецот на лева страна, тогаш сте активна, отворена личност, жедна за знаење. Ако пак го носите од децна страна, тогаш си длабока и чувствителна личност.  

Еве и неколку примери: 

Хајди Клум 

Хајди Клум има аголно лице, па затоа патецот на средина го издолжува и ублажува, убаво ги нагласува јаболчниците и е подобар избор за неа.


Натали Портман 

За Натали Портман во конретниов пример е подобар патецот на страна, бидејќи дава поубав израз на нејзиното лице и му дава волумен. 


Сара Џесика Паркер 

Актерката често го менува патецот, но ако се држиме до правилата, ако се работи за изразено долгнавесто лице, би требало да ја носи косата со патец на страна. Но, кога ја носи така, ѝ дава дополнителен волумен, што е мудар чекор. Знаете ли како да одредите дали косата да ја ставите на лева или десна страна? Застанете пред огледало и проверете на која страна ви оди носот, косата нека оди на спротивната. Инаку, нас лично повеќе ни се допаѓа Сара со патец на средина, што е доказ дека од секое правило постои исклучок. 


Џенифер Лопез 

На Џеј Ло сè убаво ѝ стои, но нејзините црти на лицето доаѓаат повеќе до израз кога патецот е на средина. 


Џенифер Анистон 

Кога ќе ја видите мислите дека носи патец на средина, но тоа не е точно. Џенифер се користи со трик кој всушност е патец на страна но многу низок, па изгледа како да е на средина. А уште почесто го носи во цик-цак варијанта, што дава поголем волумен. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг