Како Југославија го искористила брутализмот: Ова се најпознатите обележја во регионот

Точка

12/11/2019

17:27

4.306

Големина на фонт

а а а

Бруталистичката архитектура или брутализмот е архитектонски стил кој произлегол од модерната архитектура која била популарна во целиот Источен блок. Југославија тогаш го направила своето, го искористила како начин за обликување на визуелен идентитет помеѓу Истокот и Западот.

Genex Tower е незаменлив на автопатот од белградскиот аеродром до центарот на градот, кој потсетува на вселенска капсула и кој станал магнет за туристите. Оваа кула изградена е во 1977-та година и е една од најзначајните обележја на брутализмот.

Интересот за стилот расте, особено по изложбата во Музејот на модерна уметност (MoMA) во Њујорк со име “Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948-1980“.


„Секоја недела има околу десетина луѓе кои се заинтересирани да ги посетат знаменитостите кои се изградени од 1950-та до 1980-та година“ - изјавил Војин Мунцин, менаџер на агенцијата “Yugotour“.

По Втората светска војна, социјалистичка Југославија на чело со Јосип Броз Тито, имала намера да ја обнови земјата која била уништена од војните. Тито во 1948-та година “раскинал“ со советскиот лидер Сталин. Станбените блокови, хотели, граѓански центри и споменици, сите направени од бетон биле уништени ширум земјата.


Архитектурата требала да ја покаже силата на државата помеѓу два света, западната демократија и комунистичкиот Исток, сакајќи да создаде свој пат и социјалистичка утопија.

Но, откако Тито починал во 1980-та година и настанала економската криза, новата елита сакала да се дистанцира од социјалистичкиот режим, вклучувајќи ја и неговата архитектира. Бо 1991-та година започанале серија војни кои довеле до распад на Југославија.


„Помина многу време откако се распадна Југославија и луѓето почнаа да ја ценат архитектурата на Југославија“ - изјавил Алан Браун, професор на факултетот во Загреб.

Останатите примери на југословенскиот брутализам вклучуваат огромни споменици подигнати во знак на сеќавање на борбата против фашизмот, често поставени во драматични рурални средини.


„За секој проект од тие денови постоеше национален конкурс, а уметниците од целата држава имаа шанса да се пријават и таа конкуренција резултираше со квалитет“ - изавил Миодраг Живковиќ, 91-годишниот вајар. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг