Роналдо ќе треба да им се извини на соиграчите и тренерот

Точка

12/11/2019

15:57

2.374

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е главна тема во италијанските медиуми после натпреварот на Јувентус против Милан минатата недела.

Португалецот одигра блед натпревар против Милан, а во 55-та минута беше заменет од Пауло Дибала кој им донесе победа од 1:0 на фудбалерите на Јувентус.

Иако се шпекулираше дека станува збор за повреда, сепак се чини дека не е така, а наводно Роналдо при излегувањето дури и упатил пцовки до тренерот Маурицио Сари.

Португалецот наводно неколку минути пред крајот на натпреварот го напуштил стадионот, а иако се шпекулираше дека поради тоа би можел да заработи казна, сепак тоа најверојатно нема да се случи.

„Ла Газета Дело Спорт“ пренесува дека од управата на Јувентус го контактирале неговиот агент Жорге Мендеш и му порачале дека Роналдо нема да биде казнет, но ќе мора да им се извини на своите соиграчи и тренерот поради неговото однесување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг