Малкумина би се осудиле да влезат во домот на ова семејство – еве и зошто

Точка

12/11/2019

17:03

4.863

Големина на фонт

а а а

Овој Британец купил питон од 20 центиметри и низ годините гледал како прераснува во змија од 5,5 метри, која се храни со елени и кози во неговиот семеен дом.

31-годишниот Маркус Хобс и неговото семејство го делат нивниот трособен стан со питонот Хекси, кој тежи повеќе од 100 килограми. Се верува дека Хекси е еден од најголемите бурмански питони на светот. 

Животното се храни со зајаци, елени, кози и свињи кои Маркус ги набавува од локалните фармери, пишува “The Sun”. Сопругата на Маркус, Ејми, се помирила со необичното домашно милениче на својот сопруг иако тоа го чини семејството стотина фунти месечно. Освен тоа, доколку не се постапува правилно со Хекси, питонот би можел да претставува и сериозна опасност.

Но, Маркус е убеден дека Хекси никогаш нема да нападне некој, иако не ја пушта змијата надвор кога неговите деца се во близина.


“Мислам дека луѓето толку се плашат од змијата бидејќи сметаат дека ќе ги убие, но ако дојдат, можам цел ден да разговарам со нив за змии за да ги уверам дека тоа нема да се случи”, вели тој.

“Но, не ја пуштам надвор кога децата се во близина. Не сметам дека може да биде опасна за нив, туку морате да користите здрав разум и да бидете одговорен сопственик на милениче”, додал Маркус.


Тој вели дека Хекси била најблиску да го нападне кога ѝ давал инјекција поради кожна инфекција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг