Преминот на Меркур, привидното движење на таа планета преку Сонцето кој вчера траеше неколку часа го снимила НАСА која ги набљудува нашите ѕвезди и планети од најдобра можна положба - од орбитата.
Во орбитата на Земјата, на оддалеченост од околу 35.000 километри се наоѓа мал сателит со име Solar Dynamics Observatory, чии инструменти имаат улога на набљудување на нашите матични ѕвезди.
Набљудувањето и снимањето во текот на преминот резултирало со одлично видео во висока 4К резолуција.
Да ве потсетиме дека Меркур вчера помина меѓу Сонцето и Земјата под совршен агол кој овозможува набљудување во кое “позадината“ ја прави Сонцето, а следното вакво случување нема да се случи пред 2032-та година.
Преминот започнал вчера во 13 часот и 35 минути, а максималната фаза била во 16 часот и 19 минути, а крајот на преминот во 19 часот и 4 минути.