НАСА објави феноменално видео од вчерашниот премин на планетата Меркур меѓу Сонцето и Земјата во 4К резолуција

Точка

12/11/2019

16:50

3.586

Големина на фонт

а а а

Преминот на Меркур, привидното движење на таа планета преку Сонцето кој вчера траеше неколку часа го снимила НАСА која ги набљудува нашите ѕвезди и планети од најдобра можна положба - од орбитата.

Во орбитата на Земјата, на оддалеченост од околу 35.000 километри се наоѓа мал сателит со име Solar Dynamics Observatory, чии инструменти имаат улога на набљудување на нашите матични ѕвезди.

Набљудувањето и снимањето во текот на преминот резултирало со одлично видео во висока 4К резолуција.

Да ве потсетиме дека Меркур вчера помина меѓу Сонцето и Земјата под совршен агол кој овозможува набљудување во кое “позадината“ ја прави Сонцето, а следното вакво случување нема да се случи пред 2032-та година.

Преминот започнал вчера во 13 часот и 35 минути, а максималната фаза била во 16 часот и 19 минути, а крајот на преминот во 19 часот и 4 минути. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг