Кралот на Инстаграм кој секогаш е опкружен со жени сака да стане претседател на САД: Еве што мисли за Трамп

Точка

12/11/2019

15:05

6.080

Големина на фонт

а а а

Кралот на Инстаграм, Дан Билзериан, најави дека во 2024-та година ќе се кандидира за позицијата претседател на САД.

Плејбојот и познатиот американски “инстаграмџија“, Дан Билзериан може да се пофали со вртоглави 29 милиони следачи на социјалните мрежи и стотина жени кои ги бакнувал. Секси убавици, егзотични патувања и “пливање“ во море со алкохол се неговото секојдневие кое на многумина им изгледа како живот од соништата.


Меѓутоа, Дан има големи планови - сака да стане претседател на САД. Откако музичарот и дизајнер, Каније Вест, најави дека ќе се кандидира за истата позиција на изборите во 2024-та година, Дан одлучи дека ќе го направи истото кога ќе дојде време за тоа.

Кралот на Инстаграм, како што многумина го нарекуваат, посочи дека ќе се кандидира за претседателската трка во 2024-та година, а рекол и дека во дуел помеѓу него и Вест - тој ќе победи.

View this post on Instagram

@ignite Halloween rd2

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Познатиот плејбој инаку е симпатизер на Трамп и смета дека било кој друг е покомпетентен да биде претседател на САД од Хилари Клинтон, која никако не ја поддржува.

##https://twitter.com/DanBilzerian/status/677194957443088384##

Во 2015-та година споделил фотографија со Трамп покрај која напишал дека мора да биде почитуван човекот кој во период на политичка коректност, јавно зборува за тоа што сите го мислат, но мудро молчат.

Доколку одлучи да влезе во политиката, тоа ќе биде голема промена за плејбојот, кој моментално ужива во живот преполн со забави, жени и алкохол. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг