Ѕвездата на “Хари Потер“ синоќа ја раскажал најтажната вистина: “Целото мое семејство страдаше во логор во Стара Градишка, само татко ми преживеа“

Точка

12/11/2019

14:09

1.462

Големина на фонт

а а а

Актерот Предраг Бјелац кој во 2005-та година глумеше во филмот “Хари Потер и Огнениот пехар“, толкувајќи го ликот на волшебникот Игор Каркароф, синоќа бил на белградската премиера на филмот “Дневникот на Диана Будисављевиќ“ - од режисерката Дана Будисављевиќ.

По филмот во кој големата хуманитарка Диана во текот на Втората светска војна спасила 10.000 деца од логорите во Независна Држава Хрватска, актерот го прокоментирал важното историско остварување.

„Ова за мене е многу болна тема затоа што целото мое семејство страдаше во Градишкиот логот (логорот во Стара Градишка во Хрватска бил концентрациски логор во кој во Втората светска војна управувале усташите). За жал, не ги спасила Диана Будисављевиќ. Јас немам роднини. Единствено мојот татко преживеа од целото семејство. Што да ви кажам?“ - изјавил Предраг Бјелац низ солзи.


За значајниот филм додал:

„Конечно дојде редот сето ова низ филм да се одбележи. Конечно“.

Предраг Бјелац (56) е роден во Белград каде што завршил Факултет за драмски уметности, а првата филмска улога ја остварил во 1985-та година во филмот “Шест денови во јуни“.

Исто така тој бил маестрален и во филмовите “Како пропадна рокенролот“, “Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“ и други.

Исто така него го гледавме и во улогата на волшебник во популарниот серијал за “Хари Потер“ како Игор Каркароф кој бил заробен од 1980-та година по падот на лордот Волдемор, најголемиот непријател на Хари, па по 13 години се вратил на натпреварот како управник на едно волшебничко училиште, а таа улога му донела голема популарност.


Предраг напоредно снима филмови и во Србија и во странство.

Тој со години живее во Чешка. Од бракот со неговата сопруга Катарина има близнаци, Уна и Тара. Во врска е со режисерката Марија Перовиќ која ја запознал во 2013-та година на филмскиот фестивал во Херцег Нови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг