Ердоган ѝ се закани на Европската унија: Ќе ги пуштам терористите од ИСИС и ќе ги пратам назад во Европа

Точка

12/11/2019

13:34

1.837

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес ја предупредил Европската унија дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на ИСИС и да ги прати назад во Европа.

"Треба да го ревидирате својот став кон Турција, која чува толку многу членови на ИСИС во затвор и ги контролира во Сирија", рекол Ердоган пред новинарите на аеродромот, пред патувањето во САД. 

Тој исто така реагирал на најновите санкции кои ЕУ ги најавила за Турција поради Кипар и додал дека Турција ќе продолжи да ги враќа старите припадници на ИСИС во своите матични земји, дури и ако тие одбиваат да се вратат.

Европската унија во понеделникот претставила систем по кој ќе се воведуваат санкции за Турција поради тоа што неовластено вршеле бушење во водите на Средоземното море кај Кипар, поради експлоатација на гас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг