10 филмови со пресврти кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Точка

12/11/2019

13:41

4.109

Големина на фонт

а а а

Денес навистина постои широк избор на филмови за сечиј вкус, но доколку немате идеја што да гледате, “BrightSide“ ги издвои 10-те напнати филмови со пресвртници кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

1. “The Others“

Грејс (Никол Кидман) со двете деца се доселува во голема, изолирана куќа на остров. Бидејќи децата ѝ се чувствителни на светлина, сите врати во куќата мора постојано да бидат затворени. Грејс наскоро сфаќа дека таа и нејзините деца не се сами во куќата.

2. “Mulholland Drive“

Ја следиме приказната на една жена откако во несреќа го губи помнењето и се обидува да ги склопи делчињата од своето минато и открива тајни кои се кријат во неа. Што повеќе се присетува, приказната станува поморничава. Овој филм ќе ве држи во неизвесност до самиот крај кој би можел да ги изненади и најинтензивните гледачи на филмови.

3.“Cloud Atlas“ 

Овој филм го режирале тројца режисери и комбинација е од шест приказни кои се случуваат во период од 19-ти до 24-ти век, а чие дејство се преплетува на начин на кој тоа најмалку го очекувате. Филмот е доказ дека секој ваш избор има последици во иднина.

4. “The Village“

Жителите на едно мало село во 19-ти век стравуваат од ужасни суштества кои се кријат во шумата. Никој не се обидува да го напушти селото, но главниот лик е присилен да го напушти својот дом за да оди по потребните лекови.

5. “Get Out“

Овој напнат хорор филм ја следи приказната на младото момче кое доаѓа да го посети неговото семејство. На почетокот сè е нормално, но малку по малку тој сфаќа дека почнува да се случува нешто чудно и дека постои причина поради која го повикале.

6. “Ex Machina“

Младиот инженер Кејлеб соработува во експеримент со робот кој изгледа како жена - Ава. Во текот на експериментот Кејлеб се заљубува во Ава, но оваа приказна нема среќен крај.

7. “Arrival“

Докторката Луис Банкс, која ја губи својата единствена ќерка ја повикува војската за да им помогне да комуницираат со мистериозна вонземјанска раса. Кога конечно ќе го сфати нивниот комплициран јазик, Луис открива како тие можеби би ѝ помогнале да го смени своето минато.

8. “10 Cloverfield Lane“

Откако доживува несреќа, Мишел се буди заробена во подрум на еден маж кој тврди дека ја спасил од хемиска катастрофа и дека човечката раса е уништена од страна на вонземјани и дека неговиот бункер е единственото останато место на кое може да се преживее. Кога конечно ќе успее да побегне таа сфаќа дека тој ја зборувал вистината, но потоа работите почнуваат да се комплицираат.

9. “Certified Copy“

Џејмс е британски автор кој доаѓа во мал тоскански град на конференција. Во кафулето запознава една жена за која сопственикот помислува дека му е сопруга. Тие двајца одлучуваат да ја прифатат играта и да се преправаат дека се пар, но наскоро се докажува дека тоа не била добра идеја.

10. “Gone Girl“

Кога Ник ќе се врати дома за да ја прослави петгодишнината од брак, наоѓа траги од напад и исчезнувањето на својата сопруга го пријавува во полиција. Наскоро станува главниот осомничен, но допрва доаѓа до вистински пресврт. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг