„Билд“ ги откри имињата на играчите кои му го свртеле грбот на Нико Ковач

Дерби

12/11/2019

12:45

2.097

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот стратег, Нико Ковач неодамна доби отказ од редовите на Баерн Минхен, а истиот се случи по катастрофалниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.

И првиот човек на клубот, Ули Хенес потврди дека играчите биле тие кои сакале смена на стратегот, а сега најугледниот германски медиум „Билд“ ги откри имињата на фудбалерите кои биле незадоволни од ковач.

Прв „бунтовник“ бил Томас Милер кој воопшто не добиваше шанса од Ковач, освен на последните средби кога играше од првата минута. Се спротивставил и Мануел Ноер кој го критикувал стратегот по неубедливата партија против Бохум во германскиот покал.

Жером Боатенг му замерил на Ковач за неисполнетите ветувања откако минатата година Хрватот го блокирал неговиот трансфер во ПСЖ.

ОСвен овие тројца искусни фудбалери, против Ковач се свртеле и Џошуа Кимих, Тиаго Алкантара и Хавиер Мартинез, а во последно време во квалитетите на Хрватот почнал да се сомнева и Роберт Левандовски.

Речиси сите играчи сеналутиле кога Нико Ковач истакнал дека неговиот Баерн Минхен не може да игра како Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг