Урнебесен момент во Швајцарија во режија на италијански новинар и Клоп: Зборуваше ли со Пепе?

Дерби

12/11/2019

11:56

1.661

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола еден ден по пресметката која донесе многу тензии се најдоа заедно на тренерскиот самит во Швајцарија.

На самитот присуствуваа тренери на најголемите европски клубови, а има и тренери кои во моментов се без работа.

Нормално, големо внимание привлече присуството на Клоп и Гвардиола, а еден урнебесен момент се случи кога Германецот даваше изјава за медиумите.

Еден новинар го праша Клоп дали разговарал со „Пепе“, на што Германецот со насмевка праша кој е Пепе.

– Пепе Гвардиола, - одговори новинарот, на што Клоп, а и другите присутни во моментот прснаа од смеа.

За работата да биде уште поинтересна, од позадина во тој момент се појави Гвардиола, а Клоп со насмевка веднаш „избега“ од местото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг