Оваа жена најавила дека привремено ќе го менува Моралес

Точка

12/11/2019

10:37

2.064

Големина на фонт

а а а

Претставничката на боливиската опозиција, Жанин Анес, вчера најавила дека ќе го преземе претседавањето на Боливија по оставката на Ево Моралес.

По оставката на претседателката на Сенатот, Адриане Салватиере и првиот потпретседател на Сенатот Рубен Мединачели, Анес како втора потпретседателка останала прва следна можна наследничка на празното претседателско место. 

Наследувајќи го претседателскиот кабинет, таа станала прва жена претседател на Боливија.

Најавила и дека ќе стане претседателка на Сенатот.

Оставки вчера поднеле и потпретседателот Алваро Гарсија Линеро, претседателот на Народното собрание на Боливија Виктор Борда, министерот за рударство Цезар Наваро и министерот за енергетика Луис Алберто Санчес.

Потсетуваме, Моралес во неделата потврди дека ќе поднесе оставка после 13 години на власт, со цел да се смират насилните протести кои избија откако тој победи на претседателските избори. Боливиската опозиција го обвини за изборен фалсификат, а Моралес тврди дека е жртва на државен удар.

Поранешниот боливиски претседател утринава полета за Мексико со авион на мексиканската влада која му одобри азил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг