Римејкот на популарната серија од деведесеттите, “Beverly Hills 90210” потполно ги разочара фановите, пишуваат странските медиуми.
Имено, оцената на серијата не е задоволителна, без оглед на големите исчекувања и очекувања, па по шест продолженија од првата сезона е откажано снимањето, објавија од телевизиската куќа “Fox”.
Просечната оцена на епизода била 1,4 за публиката од 18 до 49 години и собрала вкупно 3,6 милиони гледачи. Помеѓу останатото постоел и креативен проблем пред самата премиера бидејќи неколку сценаристи дале отказ во текот на пишувањата на новите продолженија, што го забавил целиот процес, пишува “Hollywood Reporter”.
Актерките Тори Спелинг и Џени Гарт биле во продуцентскиот тим заедно со Мајк Чеслер и Крис Албергини. Брајан Остин Грин кој во серијата се појавува во улогата на Дејвид Силвер го потврдил откажувањето на серијата и тоа по прашање од страна на еден обожавател дали е во план втора сезона од римејкот.
Прикажувањето на новите епизоди започна кон крајот на август, но тие не ги исполнија очекувањата.
“Имаме толку многу приказни кои можеме да ги раскажеме и можевме да снимаме сезона по сезона”, изјавила своевремено Спелинг, но судејќи по сè тоа сепак нема да се случи.