Доживотен затвореник накратко бил мртов, па сакал слобода! Судијата: Оригинално барање, но има еден проблем

Точка

11/11/2019

17:24

2.428

Големина на фонт

а а а

Американскиот суд го отфрлил барањето на осуденик на доживотна робија да биде ослободен, бидејќи накратко бил прогласен за мртов.

Бенџамин Шрајбер е осуден на доживотен затвор во Казнено-поправниот дом на државата Ајова поради убиство на маж во 1996-та година, пренесуваат американските медиуми. 

Тврдел дека издржувал доживотна казна бидејќи во текот на операција пред четири години му застанало срцето, по што лекарите го оживеале.

Судот го отфрлил барањето на основа на тоа што, иако оригинално, не било доволно убедливо.

Објасниле дека е малку веројатно дека умрел со оглед на фактот дека ја потпишал медицинската документација и потврдата по закрепнувањето од операцијата.

Во 2015-та година, поради проблем со камен во бубрегот, Шрајбер добил сепса и дошло до компликации во текот на операцијата, па лекарите морале да го оживуваат.

Но, кратко по успешното оживување, сосема закрепнал и бил вратен во затвор на издржување на казната.

Во жалбата, поднесена минатата година, затвореникот тврдел дека лекарите го оживеале против негова волја и објаснил дека верува дека неговата кратка смрт значи дека, од техничко гледиште, ја издржал казната.

Но, во образложението на судот стои дека казната се смета дека е издржана дури откако официјално ќе биде прогласена смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг