Меси на еден натпревар постигна повеќе голови од слободен удар отколку Роналдо за 694 дена

Точка

11/11/2019

16:04

2.049

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Барселона минатата сабота пред своите навивачи на „Камп Ноу“ славеа против Селта Виго со 4:1 во рамките на 13-то коло од шпанска Примера.

Каталонците до новата победа ги предводеше фантастичниот Лионел Меси кој постигна хет трик. Аргентинецот сите три погодоци ги постигна од прекин, односно првиот од белата точка, додека останатите два од слободен удар.

Аргентинецот досега одлично ги изведува слободните удари, додека за неговиот голем ривал Кристијано Роналдо тоа не може да се каже. Португалецот ги изведува речиси сите слободни удари во Јувентус, но едноставно не може да постигне гол.

Од друга страна, Меси продолжува да погодува, па со двата голови против Селта, тој од слободен удар на еден натпревар постигна повеќе голови од Роналдо во последните 694 дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг