Поголемиот дел од домовите за продажба на “Zillow” се среќни ако соберат 100 прегледи во текот на неколку недели, но оваа куќа со пет спални соби во Мичиген привлекла повеќе од 36 илјади прегледи за само неколку дена на страницата за недвижнини.
Фотографијата во меѓувреме била отстранета од страницата, но локалната телевизија “WXYZ-TV” направила скриншот и го споделила на Фејсбук. Дали воочивте зошто фотографијата привлекла толкаво внимание? Погледнете што се наоѓа на чинијата.
На една од фотографиите од домот во Оук Парк кој се продавал за 165 илјади долари, на кујнскиот пулт се нашла чинија со бела прашкаста материја која многумина веднаш ги потсетила на кокаин, иако тоа не бил случајот.
Фотографијата станала хит, а полицијата за “7 Action News” изјавила дека нема да покрене истрага бидејќи нема доволно информации за да обезбеди налог за претрес. Освен тоа, момчето на сопственичката на домот, Џеф, изјавил дека всушност станувало збор за шега.
Тој вели дека во првите 24 часа, огласот имал повеќе од 29 илјади прегледи и додал дека е среќен, но во истовреме и несреќен за популарноста на огласот бидејќи тие двајца сега се преплавени со понуди кои мора сами да ги прегледуваат.
По стотина повици, мејлови и пораки, Џеф рекол дека го отстранил огласот, но од “Zillow” велат дека компанијата ја отстранила фотографијата бидејќи се коси со едно од нивните правила.