Ја испратил ќерка му во градинка со пелена на главата, а за тоа имал логично објаснување

Точка

11/11/2019

14:38

2.877

Големина на фонт

а а а

Познато е дека татковците понекогаш намерно, а понекогаш случајно, прават урнебесни работи со своите деца.

Па така и таткото Дејвид Браун направил грешка која ги насмеа интернет корисниците.

Имено, мислејќи дека станува збор за капа, ќерка си ја испратил во градинка со пелена на главата. Неговата сопруга, Ешли Браун, тоа го видела дури кога отишла да ја земе својата ќерка од градинка.

Му испратила порака со објаснување дека тоа не е капа, туку пелена и дека на „капата“ има две дупки низ кои инаку поминуваат нозете на детето.

„Оф, мислев дека тоа се дупки низ кои треба да поминат плетенките“, рекол таткото.

Всушност, идејата и не е толку лоша - си помислила Ешли.

„Доколку не беше толку мала пелената, дефинитивно би пробала да ја искористам за плетенки“, рекла таа.

Ешли рекла дека сопругот нивната ќерка, освен со пелена на главата, ја испратил во градинка со маица за пливање и долен дел пижами.

Мајката допишувањето со сопругот го споделила на Фејсбук, после што објавата станала вирална и собрала 16.000 лајкови, 24.000 коментари, а споделена е 76.000 пати. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг