Полскиот премиер го нападна Макрон: Кој е вашиот проблем со НАТО? Вие сте тие што не го почитуваат договорот!

Точка

11/11/2019

19:30

4.407

Големина на фонт

а а а

И полскиот премиер го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон кој неодамна порача дека НАТО Алијансата минува низ „мозочна смрт“.

Полскиот премиер Матеуш Моравијецки коментарите на Макрон ги нарече опасни, нагласувајќи дека НАТО е најважната алијанса на светот кога станува збор за сочувувањето на слободата и мирот во светот.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата седмица во интервју за британски „Економист“ оцени дека НАТО Алјансата минува низ „мозочна смрт“, а Европа се наоѓа на работ на провалија.


Макрон ги предупреди европските земји дека повеќе не можат да се потпрат на Соединетите Американски Држави, односно дека од Вашингтон повеќе не може да се очекува дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО Алијансата.

Според полскиот премиер „НАТО е најважната алијанса на светот кога станува збор за сочувувањето на слободата и мирот“. Самото доведување во прашање дали членките на Алијансата можат да сметаат дали ќе се бранат една со друга, од страна на Макрон е премногу опасно, оцени Моравијецки во интервјуто за "Financial Times".

„Франција троши помалку од 2% од својот БДП за одбраната. Сметам дека треба да се постави прашањето зошто одредени работи на НАТО не им изгледаат така како што тие би сакале. А, тоа не е поради малата американска посветеност на Алијансата, туку поради тоа што одредени европски сојузници не учествуваат доволно“, порача Моравијецки.


Инаку, според колективниот договор на НАТО Алијансата, секоја земја членка е обврзана да троши најмалку 2% од својот бруто домашен производ на својата одбрана, а тој договор не е почитуван токму од страна на Франција.

Со ваквите коментари на Макрон кој очигледно и натаму не може да се наметне како „најголем европски лидер“ не се согласуваат голем број на европски земји. Веднаш на неговата изјава реагираше и германската канцеларка Ангела Меркел која порача дека „НАТО е столбот на европската безбедност“, а зборовите на Макрон ги отфрли и првиот човек на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг