Во најсреќната земја на светот се наоѓа најпесимистичкиот град: “Можеби сме најлоши, но најдобри сме во тоа“

Точка

11/11/2019

13:02

3.792

Големина на фонт

а а а

Финска веќе втора година по ред е прогласена за најсреќна земја на светот. Има еден од најдобрите здравствени системи, обезбедува бесплатно школување и се одликува со големо природно богатство.

Кога ќе кажеме “ладно, но стандард“ воглавно мислиме на Финска или пак на нејзините скандинавски соседи кои за нас претставуваат поим за богатсво. Меѓутоа, токму во Финска се наоѓа и еден од “најпесимистичките градови на светот“, населбата која на необичен начин решила за неа да чуе целиот свет.


Затоа жителите на Пуоланка решиле да поработат на својата репутација и тоа на малку чуден начин. Направиле “песимистичка организација Пуоланка“ и станале славни по својот “бренд- песимизам“.

„Сè започна со тоа што ние бевме љубоморни на другите градови и нивните специфични настани додека пак ние тука немавме ништо. Еден човек кажа дека ништо не успева во Пуоланка. Дури ни песимизмот, затоа одлучивме да направиме наш песимистички настан“ – изјавила за Би-би-си Рита Никанен која се претставила како долгогодишен песимист.


Песимистичката организација пред десет години почнала со својата активност, а делумно била инспирирана од тоа како луѓето однадвор гледаат на Пуоланка.

„Секојпат кога некој зборува за Пуоланка таа е дел од најнегативните групи. Доколку не е најлоша по сите статистички рангирања тогаш е втора или трета меѓу сите фински општини. Секако дека тоа им здодеа на локалните жители. Затоа што тие читаат за тоа, а тоа не се поклопува со нивното искуство“ – вели Томи Рајала, еден од членовите на организацијата.

Како што изјавил тој, клучниот аспект за песимизмот во Пуоланка е фестивалот кој трае од 1-ви јануари до 31-ви декември секоја година, значи постојано.

„Можеби сме најлоши, но најдобри сме во тоа“ – вели Рајала.

Тој и другите песимисти снимаат видеа и ги објавуваат на интернет. Во нив зборуваат за падот на бројот на жители како и за тоа дека во тоа место нема многу работи кои можат да се прават.


Додека другите општини се фалат со природата и со тоа на колку добра локација се наоѓаат, Пуоланка тоа го прави на многу поразличен начин, со помош на црн хумор, видеа во кои зборуваат дека се “мали“ и дека немаат што да им понудат на туристите и немаат никаква иднина.

Очигледно дека оваа нивна тактика е добра затоа што нивните снимки на интернет се многу популарни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг