Мурињо го „испегла“ Компани во студиото: Ви ја подарив титулата, а не ми се ни јави да ми заблагодариш!

Дерби

11/11/2019

09:51

2.711

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо излезе со јасен став пред големото дерби кое вчера се одигра на „Енфилд Роуд“, а истиот го повтори и откако Ливерпул успеа да го надигра Манчестер Сити и да го победи со 3:1 во мечот кој според многумина беше исклучително важен во шампионската трка.

По конечниот епилог, Португалецот нагласи дека за него шампионската трка е завршена и дека Ливерпул ќе биде новиот шампион, мислење кое го имаше и пред почетокот на големото дерби. Мурињо јасно објасни дека предноста од девет бода ќе биде преголема за Сити во ситуација ако претрпи пораз, а додека го кажуваше ова, не пропушти да го „испегла“ Венсан Компани кој исто така беше специјален гостин во студиото.

Доскорашниот капитен на Сити освои четири титули во Премиер лигата како лидер на „граѓаните“, но според Мурињо, за една е заслужен токму тој, алудирајќи на незаборавниот пораз кој му го нанесе на Ливерпул на „Енфилд“ во 2014-та година како менаџер на Челси.

– Кога ви ја подарив титулата, никогаш не ми се јави и не ми се заблагодари, – во свој стил порача Мурињо, на што Компани возврати дека ја чекал оваа средба во студиото.

– Тогаш бевте најдобар тим, а тие не беа најдобар тим. Беа блиску, но вие бевте најдобар тим. Во овој момент, мислам дека нема таква разлика во силата, дури нема разлика ниту во статусот. Вие сте шампиони на Англија, но тие се европски шампиони. Знаат како да победуваат, знаат како да се справат со притисок. Овој меч е многу важен, ако разликата биде три поени или шест поени, ќе биде многу отворено. Но ако биде девет, довидување, – посочи Жозе пред мечот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг