Капело го подбра незадоволниот Роналдо и го „поздрави“ со жестока провокација

Дерби

11/11/2019

09:40

2.648

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо се претвори во топ тема во италијанската спортска јавност во текот на изминатава ноќ и ова утро, од едноставна причина што имаше прилично бурна реакција откако втор меч во низа беше повлечен од игра.

Фактот што беше изваден на дербито со Милан во 55-та минута од средбата направи да си замине директно во соблекувалната без притоа да се поздрави со тренерот Сари, а иако овој застана во негова одбрана по крајот на средбата која на крајот ја реши играчот кој го замени Португалецот (Дибала), Кристијано не доби поштеда од легендарниот Фабио Капело.

Еден од најценетите стручњаци во историјата на италијанскиот фудбал беше прилично дрзок во студиото на „Скај Спорт“, нагласувајќи дека Роналдо не е во форма и заклучувајќи дека нема поминато играч веќе три години.

– Нема издриблано или поминато противник веќе три години. Кристијано не е добар, не е во форма. Дибала и Даглас Коста се во одлична кондициска ситуација и прават разлика на теренот. Браво за Сари, потребен е карактер за да се извади играч како Роналдо. Тоа беше добар потег. Што се однесува до Роналдо, мора да се подобри, мислам дека има пад во физичка гледна точка. Неговиот став не беше добар кога беше изваден од игра, мора да бидете шампион дури и кога го напуштате теренот и кога сте заменети од тренерот, – изјави Капело.вввв



Спонзорирани линкови

Маркетинг