Пандев им се заблагодари на навивачите: На „Сан Паоло“ секогаш се чувствувам како дома

Дерби

10/11/2019

14:55

1.955

Големина на фонт

а а а

Горан Пандев со својата Џенова освои голем бод на вчерашното гостување кај Наполи со што овој состав уште еднаш покажа дека изгледа далеку подобро, поорганизирано откако истиот го презема Тијаго Мота.

Нашиот Пандев повторно се најде во почетната постава и беше активен на теренот се до 80 минута по што со аплаузи беше испратен од публиката на „Сан Паоло“ која дефинитивно не го заборава учинокот и партиите на Гоче што овој ги имаше за наполитанците во периодот од 2011 до 2014 година.

Пандев не го заборави овој гест, па преку социјалните мрежи ја испрати следнава порака:

-Секогаш кога ќе се вратам на Сан Паоло се чувствувам како дома. Ти благодарам Наполо, -порача капитенот на македонската репрзентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг