Генијална 10-минутна метода која заменува 44-минутно спиење: Се прави било каде и било кога и носи огромен наплив на енергија

Точка

09/11/2019

17:44

7.705

Големина на фонт

а а а

Оваа метода може да се изведе било каде, а наводно ги има истите ефекти врз организмот како и 44-минутното спиење. Идеална е за луѓето со зафатен распоред бидејќи брзо ги “полни батериите”, ако веќе не можете да си овозможите благотворна попладневна дремка.

Станува збор за умна медитација која подразбира насочување на вниманието во целост на она што се случува во вас и надвор од вас, миг по миг, без оценување и резонирање, пишува “The Sun”. 

Во пракса ова значи да ги освестите своите мисли и она што го чувствувате во моментот, вклучувајќи ги и вкусовите, допирите, мирисите и звуците. Истовремено треба да бидете потполно свесни за својата околина.


Умната медитација нема една форма, таа се разликува од личност до личност и во зависност од тоа што ве опушта. Тоа може да биде кратка прошетка, медитација, вежби со длабоко дишење или едноставно седење на местото кое го обожувате.

Инаку, овој трик се покажал како многу корисен за луѓето кои немале доволен сон во текот на ноќта, додека на пример не функционира кај оние кои спиеле доволно, но сепак се чувствуваат исцрпено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг