Знаете ли што се случува доколку кивнете со отворени очи?

Точка

09/11/2019

16:28

4.473

Големина на фонт

а а а

Веројатно сте чуле за митот дека доколку кивнете со отворени очи ќе ви “експлодираат“ очните јаболчници.

„Притисокот кој се ослободува во текот на кивањето не може да предизвика “експлозија“ на очните јаболчници дури и доколку во текот на кивањето очите ви се отворени“ - изјавил д-р Дејвид Хјустон.

Во поголемиот дел од случаевите очите несвесно се затвораат во текот на кивањето што претставува рефлексна нус појава, но не и нужна компонента на секое кивање.

Така постојат луѓе кои во текот на кивањето очите ги држат отворени, иако тоа е тешко.


Но, како и да е вие не мора да стравувате затоа што најлошото нешто кое што може да ви се случи доколку кивате со отворени очи е пукање на некој капилар во очите поради големиот притисок кој се ослободува што може да предизвика црвени точки на белоочницата.

За сите оние кои ја заборавиле лекцијата од час по биологија, кивањето претставува заштитен механизам важен за исфрлање на нечистотиите од организмот, како што се прашина и алегрен или пак бактерии и вируси па поради тоа важно е да ја ставате дланката на вашата уста кога кивате за да не ги пренесете сите тие работи кај некоја друга личност која е во ваша близина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг