Се заострува кризата во Боливија: Бунт во редовите на полицијата во неколку региони, насилните протести траат веќе 17 дена

Точка

09/11/2019

14:01

1.847

Големина на фонт

а а а

Поделби ги зафатиле и полициските сили во Боливија, земјата во која траат насилни протести веќе 17 дена поради спорниот легитимитет на претседателот Ево Моралес, кој тврди дека повторно победил на изборите.

Министерот за одбрана Хавиер Забалета рекол дека полициски бунт се случил во неколку региони, но ја отфрлил идејата за воена интервенција во овој момент. 

"Во моментов нема да има никакви воени операции, нема таква наредба", рекол Забалета, пренесува AP

Спорните резултати од изборите на 20-ти октомври започнале бран од протести ширум Боливија, кои резултирале со три смртни случаи и повеќе од 300 повредени.

Вчера опозицискиот лидер Луис Фернандо Камачо ветил дека нема да го напушти главниот град Ла Паз додека Моралес лично не го прифати писмото со оставка кое му е подготвено.

Се појавила и снимка од мала група на полицајци кои организирале бунт во централниот боливиски град Кочабамба, барајќи оставка од нивниот командант кој е обвинет дека го поддржал Моралес.

На снимката се гледаат 18 полицајци кои стојат на кровот на тактичката единица за специјални операции, веат знамиња и ја пеат државната химна, поздравувајќи ги насобраните луѓе.

Стотици жители во други градови се собрале пред локалната полициска станица, повикувајќи ги службениците да го следат нивниот пример.

Моралес свикал итен состанок со своите министри и високата воена команда за да се анализира ситуацијата.

Шефот на националната полиција, Јуриј Калдерон, негирал дека во тек е полициски бунт и инцидентите во Кочабамба ги нарекол изолиран инцидент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг