Доаѓа електричниот караван на Volkswagen

Точка

08/11/2019

20:59

2.574

Големина на фонт

а а а

Германски Volkswagen на 19-ти ноември во Лос Анџелес ќе го претстави вториот член на своето електрично ID семејство.

Станува збор за караван со пет врати под ознака Space Vizzion кој во VW го гледаат како кросовер со можности за продолжена лимузина. 

Како и останатите ID концепти, Space Vizzion е базиран на Modular Electric Drive Matrix платформа, а од VW тврдат дека ќе има автономија од речиси 500 километри.

Освен скицата на дизајнерската линија, VW покажал и како ќе изгледа ентериерот, во кој се истакнува дигиталната контролна табла со тенок дисплеј пред возачот.

Продукциската верзија би требало да пристигне кон крајот на 2021-ва година со различни верзии за пазарите на Северна Америка, Европа и Кина.

VW неодамна го промовирал својот прв електричен модел, хечбек ID.3, а следната година доаѓа и кросоверот ID.4.




Спонзорирани линкови

Маркетинг