Одите на Тајланд? Не заборавајте да ги оставите цигарите дома

Точка

08/11/2019

20:38

2.621

Големина на фонт

а а а

За сите оние кои оваа зима се подготвуваат за пат во југоисточна Азија во егозитична авантура, не е лошо да повториме дека на една од најпопуларните дестинации за туристи - Тајланд - од 2014-та година е воведена забрана за пушење во јавни простории.

Посетителите би требало да знаат дека дури и електронските цигари се исто така забранети, пишува Lonely Planet. 

Исто така, треба да се има на ум дека постои забрана за пушење на плажите ширум земјата, која стапила на сила од ноември 2017-та година, како дел од напорите на земјата кон одржлив туризам. Дополнително, шест аеродроми со кои управува државата се прогласени за непушачки зони од 3-ти февруари, а сите простории за пушење внатре во терминалот се затворени.

Туристичките работници во таа земја ги потсетуваат патниците на забраната која има за цел промоција на безбедно и чисто окружение, бидејќи неодамна дошло до инциденти со патниците кои не се свесни дека го кршат законот, па се соочиле со плаќање на казна или со апсење.

Патниците се советуваат со себе да не носат ни електронски цигари, ниту предмет или опрема поврзана со е-цигарите, вклучувајќи и течност која се користи во уредите.

Министерството за туризам и спорт ги советува и патничките агенти и туроператори да обезбедат нивните клиенти да бидат свесни за забраната, посебно на аеродромите, спортските комплекси и туристичките атракции ширум земјата.

Местата на отворено, каде е забрането пушење вклучуваат објекти за вежбање и тренинзи, спортски објекти, јавни паркови, зоолошки градини, забавни паркови, детски игралишта и пазари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг