Сопругата на Ал Багдади открила многу информации на ИСИС: Откако ја уапсиле Турците ги раскажала сите тајни на џихадистите

Точка

08/11/2019

20:30

5.125

Големина на фонт

а а а

Сопругата на загинатиот лидер на ИСИС, Абу Бакр Ал Багдади открила многу информации за "внатрешната работа" на џихадистичката група, откако била заробена минатата година, рекол турски службеник.

Властите рекле дека жената на убиениот лидер се идентификувала себеси како Раниа Махмуд, но дека всушност се вика Асма Фавзи Мухамед Ал Кубајси. 

Рекла дека е прва сопруга на Ал Багдади, кој бил убиен во американски напад минатиот месец. Како што пренесува AP, Ал Багдади имал четири жени.

АФП пренел дека жената била уапсена на 2-ри јуни 2018-та година во турската провинција Хатај во близина на сириската граница, заедно со уште 10 лица, вклучувајќи ја и ќерката на Багдади, која се идентификувала како Леила Џабер.

Врската на семејството е потврдена со помош на ДНК примероци од Багдади, кои ги обезбедиле ирачките власти, пренесуваат денес медиумите.

"Го откривме нејзиниот вистински идентитет прилично брзо. Во тој момент доброволно изнесе многу информации за Багдади и за внатрешното делување на ИСИС. Потврдивме многу работи кои веќе ги знаевме. Исто така добивме нови информации кои доведоа до низа апсења", рекол службеникот.

Високиот турски службеник за CBS News рекол дека заробените се држат во центарот за депортација во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата за прв пат открил дека Ал Кубајси е уапсена.

"Ја фативме неговата сопруга - денес тоа го кажувам прв пат - но не направивме голема бука околу тоа", изјавил Ердоган во средата.

Додал дека исто така ги заробиле и неговата сестра и зетот.

Пред два дена во рација на турските безбедносни сили на северозападот на Сирија била уапсена постарата сестра на убиениот лидер на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади, а службениците веруваат дека таа би можела да се пружи значајни инфорамции за таа терористичка организација.

Агенциите наведуваат дека малку се знае за сестрата на Багдади, која е позната како Расмија Авад.

Авад е уапсена во текот на рацијата во понеделникот навечер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг